Криси Тајген позираше гола и ги покажа лузните: Сакајте се

Instagram

Манекенката Криси Тајген повторно позираше гола во обид да ја подигне свеста за менливоста на телото.

Тајген Денот на вљубените го одбележа споделувајќи фотографија на својот инстаграм-профил на која позира во огледало истакувајќи ги лузните на стомакот и градите.

Среќен Ден на вљубените. Сакајте се себеси. Оваа кучка помина многу“, напиша Тајген во описот на фотографијата на која се видливи лузните на нејзините гради и на долниот дел од стомакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris J (@chrisj4203)

Моделот минатата година ги отстрани имплантите од градите, а на почетокотна февруари беше подложена на операција за еднометриоза, хронично заболување кое се карактеризира со појава на мукозно ткиво кое ја поставува матката каде било надвор од матката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Тогаш таа на социјалните мрежи рече дека имала големи болки додека се опоравувала од операцијата.

Обично се чувствувам добро по операција, но оваа е поинаква. Целиот стомак ми е вкочанет и така ќе биде неколку дена. Тешко ми е кога ќе се закашлам, но навистина сè е подобро од грчеви и болка предизвикана од ендометриозна“, во тоа време изјави Тајген која претрпе огромна загуба минатата година. Таа доживеа спонтан абортус во октомври во нејзиниот петти месец од бременоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот