Дмитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

Кремљ за Украина: „Целите сè уште не се постигнати, специјалната воена операција продолжува“

Кремљ денес соопшти дека целите што ги поставил во војната во Украина не се „постигнати“ и дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи сè додека не се постигнат, четири години по почетокот на руската офанзива од големи размери, пренесува Њузвик.

„Целите сè уште не се постигнати и затоа специјалната воена операција продолжува“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за време на редовниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашање од агенцијата Франс-прес.

Песков реагираше на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија „не ги постигнала целите“ на војната.

Песков, сепак, рече дека „многу“ од целите на Кремљ се постигнати, појаснувајќи дека „главната цел“ на Москва е да ја обезбеди „безбедноста на луѓето“ што живеат во Источна Украина.

ВИДЕО | Зеленски на четиригодишнината од почетокот на војната во Украина: Путин не ги постигна своите цели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот