Крем супа од домати со кисело млеко

Фото: Unsplash

Нашата земја е позната по одгледување на многу вкусен домат, најчесто во струмичкиот и скопскиот регион. Најпознат е вкусниот јабучар, со розеникава боја и специфични вкусови карактеристики.

Најчесто уживаме во неговиот вкус во комбинација со млечни производи, а покрај тоа што е дел од многу типови салати, како свеж плод може да бидат послужен и во многу други рецепти.

Овој рецепт ја задржува свежината на доматот, а притоа ви дава еден нов вкус и уживање. Предноста е што оваа крем супа нема да ви одземе време во подготовката бидејќи воопшто нема да изгубите време додека ја подготвувате, бидејќи не се вари, туку само се блендира и сервира.

Состојки:

– 6 зрели домати
– 200 г кисело млеко со помала масленост
– 50 мл маслиново масло
– 200 мл ладна вода
– 5 ливчиња свежо нане
– 20 мл сок од лимон
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Најпрво излупете ги доматите и ставете ги во блендер. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, киселото млеко, водата, нането, лимонот и по вкус додадете сол и бибер.

Блендирајте уште 5 минути на средна брзина за сите состојки убаво да се измешаат. За супата да не биде ладна состојките пред подготовка нека бидат на собна температура еден час.

Сервирајте во длабока линија и додадете уште малку сок од лимон, секако по желба.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот