Краткиот филм „Досие иднина“ ќе има проекција на фестивал во Нанси

Актерите Береда Решит и Ебру Мусли во сцена од филмот „Досие иднина“

Македонскиот краткометражен игран филм „Досие Иднина“ во режија на Гоце Трајковски ќе ја има својата интернационална премиера на филмскиот фестивал во Нанси, Франција, кој годинава се одржува по 29-ти пат. Филмот ќе биде прикажан во официјалната програма, а проекцијата е закажана за понеделник, 28 август, во 20.45 часот.

Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематографер е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајческа – Ристовска.

Фестивалот во Нанси е еден од водечките европски фестивали насочени кон промоција на младите автори и нивните краткометражни и документарни остварувања. Филмот е во продукција на „Слобода филм“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот