Фото СПЦ

Кралот на Јордан ѝ подари на СПЦ парцела близу местото каде Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос

Кралот на Јордан Абдула Втори, ѝ подари парцела на Српската православна црква (СПЦ) во близина на Ал Магтас, каде според христијанското предание Свети Јован го крстил Исус Христос. Српскиот патријарх Порфириј кој ја предводи делегацијата на СПЦ во посета на Јордан го прифатил подарокот со голема радост и благодарност, и истакнал дека „кралот Абдула Втори, со ова дело се запишал со златни букви во историјата на СПЦ“.

Патријархот и делегацијата на СЦП по стазата на Јован Крстител ги спровел јорданскиот принц Гази бин Мухамед, покажувајќи им го изворот на свети Јован Крстител, местото на успението на светиот пророк Илија и проповедањето на светиот Јован, како и 5 древни цркви градени од 5 до 12 век.

Патријархот на СПЦ Порфириј потоа разговарал со кралот Абдула Втори во кралската резиденција во Аман.

Извор Н1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот