Кралот на Баскија стави крај на кариерата (ВИДЕО)

EPA-EFE/MIGUEL TONA

Миленикот на Баскија, Ариц Адуриз одлучи на 39 години да стави крај на својата кариера.

Адуриз е еден од последните фудбалски Мохиканци, фудбалер поради кој навивачите доаѓаа на стадионите, а Атлетик Билбао стана еден од омилените шпански екипи само поради него и неговите игри.


„Дојде и тој момент. Многу пати реков дека фудбалот ќе те напушти тебе отколку што ти ќе го напуштиш фудбалот.
Но, моето тело за жал рече дека е доста“, напиша Адуриз на својот Твитер профил.


Адуриз и Атлетик Билбао беа нераскинлива врска, фудбалерот дури во три наврати се враќаше во омилениот тим, и изненадувачки со секое враќање стануваше се подобар. Адуриз исто така покажа дека годините не се најважни во фудбалкот, третиот мандат во баскискиот тим почна да го одработува во 2012 година кога пристигна од Валенсија.

Во тие моменти од кариерата кога многумина полека го намалуваат темпото, Адуриз гонаправи спротивното. До својот 30. роденден Адуриз имаше постигнато 101 гол во Ла Лига, а оттогаш даде дури 184 години. Покрај Атлетик Билбао и Валенсија, Адуриз настапуваше и за Бургос, Ваљадолид и Мајорка.

„Не можам да им помогнам на соиграчите на начин на кој јас посакував но и тие го заслужуваа тоа. Тоа е животот на професионалниот спорт“, додава Адуриз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот