Кралицата Елизабета му го поништи медалот на Вајнстин, кој е осуден на 23 години затвор за сексуално злоставување

Шеесет и осумгодишниот Харви Вајнстин отслужува 23 годишна затворска казна во државата Њујорк откако беше осуден на 24 февруари. Тој поднесе жалба за пресудата.

Британската кралица Елизабета официјално нареди да се избрише неговото име од регистарот на највисокиот граѓански ред откако Харви Вајнстин беше осуден за сексуален напад и силување на актерка.

„Кралицата нареди веднаш да се откаже и поништи назначувањето на Харви Вајнстин за почесен командант на цивилната девизија од највисокиот граѓански ред на Британската Империја, кое го доби на 29 јануари 2004 година“, пренесува Harper’s BAZAAR.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Некогаш еден од најмоќните продуценти во Холивуд, Вајнстин беше прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Хејли во 2006 година и силување на Џесика Ман, поранешна актерка во 2013 година.

Повеќе од 80 жени, вклучувајќи и славни актерки, го обвинија за сексуален напад во последните десет години. Тој ги негираше сите обвиненија и тврдеше дека сите тие жени се согласиле на сексуални односи со него.

Обвинителите за време на судењето го претставија како сериски предатор кој манипулирал жени ветувајќи им дека ќе им ги отвори вратите во светот на филмската индустрија, мамејќи ги во хотелски соби и приватни апартмани каде притоа ги напаѓал.

Џесика Ман изјави дека тој бил како „Доктор Џекил и мистер Хајд“, шармантен во јавноста, но често застрашувачки бесен кога останувале сами.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Харви Вајнстин е обвинет за сексуалени напади и во Калифорнија, а десетици жени поднеле и граѓански тужби против него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот