Крадци фрлиле око на Студенчишкиот канал во Охрид: Украдена бродска опрема од пловни објекти

Фото: mia.mk

Непознати сторители во изминатите неколку дена украле најмалку три вонбродски мотори и друга опрема од пловни објекти што се закотвени во Студенчишкиот канал во Охрид. Кражбата ја забележал еден од сопствениците на чамец, кој случајот го пријавил во полиција.

Оштетените лица сметаат дека се работи за однапред смислен план, бидејќи моторите се украдени во период кога значително е намалена фреквенцијата на движење во тој дел од градот. Некои од сопствениците сметаат дека кражбата била извршена со друг пловен објект.

Моторите биле украдени, откако крадците со соодветен алат ги „решиле“ преградите во пловилата каде се чува соодветна опрема.

Од СВР Охрид го потврдија случајот, со напомена дека бројот на оштетени лица може да е поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот