Кожно одделение во Штип од попладнево ги прима првите ковид пациенти

Штипското Кожно одделение од попладнево се става во функција за ковид пациентиетите, кои се со полсена клиничка слика или на ден, два пред да бидат испишани од болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА појаснува дека утринава е направен координативен состанок меѓу лекарите и медицинскиот кадар од Инфективното и Кожното одделение, за точно да се утврди начинот на работа и како ќе функционираат двете одделенија.

-Попладнето веднаш по визитата на Инфективното одделение се очекува на Кожното да бидат пренесени и првите пациенти. Таму имаме вкупно десет слободни кревети, а за пациентите ќе се грижи комплетно персоналот на Кожното одделение, имаме четворица лекари, пет медицински сестри и по еден болничар и хигиеничар, вели Ѓеорѓијев.

На Инфективното одделение денеска е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти, во моментов имаат 53 или остануваат уште два слободни кревети. Половина од пациентите се на кислородна поддршка, а двајца пациенти од Штип и Злетово на возраст од 87 и 63 години починаат на оваа одделение. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот