Ковид модуларната болница во Кавадарци за брзо ќе биде изградена

Kовид модуларната болница во Кавадарци ќе биде изградена за брзо, соопшти денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој информираше оти Општината зела обврска да го изгради платото, водоводната и канализациската мрежа,,електроснабдувањето на ковид болницата. Дополнително, преземала  и обврска за централизирање на кислородната станица, нешто што ќе биде овозможено  со приватниот сектор.

Јанчев соопшти дека ковид модуларната болница ќе има 35 легла.

– Во иднина, кога ќе се нормализира целата ситуација, тоа ќе биде инфективно одделение при болницата, додаде градоначалникот.

Тој ги повика општините од регионот да не заборават дека болницата во Кавадарци е регионална, па и тие да земат учество во активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот