Ковид-19 „гази“ во Русија: Повисоките одделенија во училиштата во Москва на онлајн настава во наредните две недели

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Властите на Москва денеска соопштија дека голем број на ученици од понеделник ќе преминат на онлајн настава со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Со мерката се опфатени ученици од шесто до 11 одделение и ќе биде во сила во наредните две недели, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Учениците од прво до петто одделение ќе се вратат на училиште кога повисоките одделенија ќе преминат на онлајн часови.

Учениците од повисоките одделенија ќе следат часови онлајн, затоа што меѓу нив се појавуваат најмногу новозаразени, рече Собјанин.

– Одлуките што ги донесовме денеска не се лесни, но тие се едноставно неопходни имајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребата учениците да добијат квалитетно образование, рече градоначалникот на Москва.

Во Русија од почетокот на пандемијата има вкупно 1.326.178 милиони заразени лица од кои 339.431 во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот