Ковачевски, Заев и Шекеринска на иста маса во пресрет на четиригодишнината од членството во НАТО

Фото: Јован Митерски, Фејсбук

Претседателот на Собранието, Јован Митрески денеска организираше средба по повод одбележување на четиригодишнината од зачленувањето на земјава во НАТО. На средбата присуствуваа тројца поранешни премиери, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Владо Бучковски и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани. Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови на воена агресија недалеку од нас, објави Митрески на Фејсбук.

Фото: Јован Митерски, Фејсбук

Од Кабинетот на Митрески посочуваат дека ова е една од состаноците што претседателот на Собранието ги организира за одбележување на годишнината од членството во НАТО.

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека со храбрите и решителните одлуки на СДСМ, Северна Македонија веќе четири години е горда членка на најмоќниот воен сојуз – НАТО.

– Во пресрет на одбележување на годишнината од членството во НАТО, ми беше чест што со претседателот на Собранието Јован Митрески, со поранешните премиери, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и со поранешните пратеници, амбасадори, но и носители на високи државни функции, имавме можност разговаравме за придонесот на секој од нас во реализацијата на целиот процес, за придобивките од членството, како и за позицијата на Северна Македонија како членка на НАТО, напиша Ковачевски.

Денес, додава Ковачевски, нашата држава е фактор за стабилност во регионот и пошироко.

– Безбедносната стабилност носи економски просперитет, а странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања. Тоа значи подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард. НАТО беше првата стратешка цел и успеваме да ја исполниме, посочува Ковачевски.

Искажува увереност и нова победа на 8 мај, по што, како што пишува, проевропската Влада на СДСМ и коалицијата ќе ја исполни и втората стратешка цел – членство во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот