Фото: Колаж/Слободен печат

Ковачевски за Мицкоски: Кога сите факти ќе го побијат, шири небулози и хистерија за бинационална држава

Небулози и замајување на јавноста од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и ширење хистерија и страв кај народот, ја  оцени премиерот Димитар Ковачевски  изјавата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека со промената на Уставот Македонија ќе стане бинационална држава.

„Вие се сеќавате дека истата таа опозиција зборуваше за тоа дека во државата ќе имаме не знам колку милиони мигранти, потоа дека државата ќе се кантонизирала во 2006 година. Во тоа време тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ одеше по Македонија и раскажуваше дека државата ќе се кантонизирала заради територијалната поделба. Така беше? Така беше. Територијална поделба си остана, а тој отиде во Будимпешта. Потоа кажуваа дека со гласањето на францускиот предлог ќе се бугаризираме и дека ќе се асимилираме и дека ќе сме го изгубеле македонскиот јазик. Ништо од тоа не се случи. Во низата лаги, ова е најновата“, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека и претседателката на работната група за подготвување на уставните измени дала изјава дека работната група има обврска да подготви уставни измени согласно преговарачката рамка.

„Владата ќе биде подносител, а таа се однесува на промена на Преамбулата и внесување на други делови од народи во Преамбулата во којашто веќе има други делови од народи и тоа е обврска којашто е императив на работната група, а подоцна и на собраниските тела. Значи се работи за шпекулација и за зборување на нешто од немајкаде. Кога сите факти ќе ве побијат измислуваат нови и нови небулози со кои само шират хистерија и страв меѓу народот“,  рече Ковачевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот