Ковачевски: Во наредниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека доколку ја добијат честа да ја водат Владата, во следниот мандат ќе спроведат процес на ветинг и тоа не само на именувани и избрани функционери – од премиерот до министрите, па се до царина, судови и обвинителства.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-коференција, Ковачевски посочи дека еднаш имале обид да спроведат ветинг, но биле спречени од ЕУ.

Во нашата држава Владата сакаше да го спроведе, но беше спречена од ЕУ, не знам од кои причини. Меѓутоа нема кој да го спречи тој процес на наредните избори кога повторно ќе ја добиеме честа да ја водиме владата, и во тој процес точно ќе може да се идентификува кој е за унапредување, кој е за доусовршување, а кој не може да извршува одредена фукнција и при тоа ќе бидат опфатени сите, а не само да го имате премиерот и министрите секој ден на телевизија, и секој ден да се гледаат нивните анкетни листови, туку треба да се гледаат на сите – од царина, до судови и обвинителства.

Според него, факт е дека граѓаните точно знаат да лоцираат што точно треба да се поправи во државата, но исто така, вели, факт е дека и Владата работи на поправање на поправање и унапредување на областите што се важни за граѓаните.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Ковачевски: Сметам дека е потребен ветинг за сите избрани и именувани фунционери, вклучително и судиите и обвинителите, без разлика дали ЕУ е за тоа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот