ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Ковачевски: Сметам дека е потребен ветинг за сите избрани и именувани фунционери, вклучително и судиите и обвинителите, без разлика дали ЕУ е за тоа

Премиерот Димитар Ковачевски во студиото на „Слободен печат“ / Фото Драган Митрески / Слободен печат

Јас и пред 7-8 години поддржував ветинг на сите избрани и именувани функционери, вклучително и на судиите и обивнителите. Во тоа време ЕУ, од ним познати причини, беше против таков процес. Мислам дека сега нема да бидат, но и да бидат, сметам дека треба да се направи такво нешто. Албанија тоа го направи. Две три години немаа комплетирано судски состави на сите инстанци, но сега имаат многу пофункционални институции,“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

Тоа не значи дека генерално се не е добро, но низ еден таков процес и низ еден процес како оценската мисија на ЕУ, ќе може да се идентификуваат кои се добрите, кои може да се унапредат, но и ќе се идентификуваат оние кои мора да го напуштат системот“ рече Ковачевски.

 

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ја крие анктетата во која граѓаните не ја препознаваат политиката на оваа партија

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот