Ковачевски од Тирана: Очекуваме конструктивна дискусија за зголемување на регионалната соработка

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски очекува за време на Самитот на лидери на Берлински процес да има конструктивна дискусија околу зголемување на регионална соработка, инвестициите за поврзување на регионот, односно на сите земји во регионот и посебно разговори во однос на обезбедување на енергетска независност и обезбедување на дополнителни финансиски средства за енергетско осамостојување на регионот и зелена транзиција на енергетскиот сектор.

Ковачевски изјави дека за време на Самитот ќе биде потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите на фармацевтите, потоа на акушерките, на медицинските сестри кои што доаѓаат како дополнување на она што го потпишале на минатиот самит – признавање на дипломите на лекарите и на другите дејности кои се регулираат согласно со европските директиви.

Фото: Влада на РСМ

-Денес се одржува вториот Самит на Берлински процес во нашиот регион, првиот беше во 2020 година кога организатори беа Северна Македонија и Бугарија, меѓутоа заради Ковид пандемијата беше организиран онлајн. Ова е втор каде што со физичко присуство ќе бидат лидерите на земјите од Западен Балкан заедно со претседателот на Европската комисија, на Европскиот совет и други лидери од Европската Унија, изјави премиерот.

Тој најави дека ќе се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц, а утрово се сретнал со комесарот Вархеји и претседателката на ЕБОР, Рено-Басо.

Во текот на утрешниот ден, Ковачевски најави дека ќе има состанок со потпретседателката на Светска Банка со која ќе разговара за долгорочниот план кој државата го има со Светска Банка, а за кој разговарале во Њујорк, во однос на финансирањето на проектите во Северна Македонија во наредните четири години.

Маричиќ за членството во ЕУ: 2030 е амбициозен, но достижен датум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот