Маричиќ за членството во ЕУ: 2030 е амбициозен, но достижен датум

Бојан маричиќ и Оливер вархеји во Тирана/ Фото: Слободен печат/ Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Тирана, кадешто се одржува самитот на лидери во рамки на Берлинскиот процес, се огласи со истата оптимистичка порака дека 2030 година е достижен датум за членство на Македонија во ЕУ.

– 2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел – порача Мариќиж по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Како што објави на Фејсбук, заклучокот од работниот состанок со Вархеји бил дека иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготват и да ја достигнат.

– Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава – додава Маричиќ во објавата.

ЕУ, според него, веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција.

– Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој – вели Маричиќ кој на Самитот во рамки на Берлинскиот процес е заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот