Ковачевски – Рено-Басо: Поддршката од ЕБОР е важна за стратешките приоритети и натамошниот развој на државата

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Тирана за време на Самитот на лидери на Берлинскиот процес се сретнаа со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.

На средбата, како што информираат од Владата, била потврдена долгогодишната соработка со ЕБОР, како и продолжување на поддршката во интерес на натамошниот развој на регионот.

Фото: Влада на РСМ

Во соопштението се додава дека била потенцирана и поддршката што ЕБОР и ја дава на земјава за реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8 и за автопатот Скопје-Блаце. Соговорниците, како што информираат од Владата, се согласиле дека Северна Македонија е лидер во регионот во инвестиции во извори на обновлива енергија и поддршка на зелената транзиција.

Премиерот Ковачевски посочил дека Владата ќе продолжи да работи на подобрување на стандардот на граѓаните и на условите за развој на стопанството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот