Ковачевски: Новоименуваниот директор за АНБ Милошевски е професионалец

Зарко Милошевски, директор на АНБ/Фото: Слободен печат

Новоименуваниот директор за Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски е професионалец кој што во 97-та година почнува да ја гради својата професионална кариера во службата и посетувал низа обуки во Соединетите Американски Држави и во Канада доминантно, истакна од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски на пратеничкото прашање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки зошто премиерот назначил за нов директор на АНБ лице посочено како одговорно за случајот „Онишченко”.

Премиерот информира дека Владата на одржаната седница на 14 декември именуваше нов директор на Агенцијата за национална безбедноста и на истата седница го разрешил дотогашниот директор на Агенцијата.

Во однос на деталите за случајот „Онишченко”, премиерот истакна дека имаше прилика Комисијата за надзор на безбедноста и службите во Собранието да се информира во детали.

После таа седницата и Владата ќе се информира, исто така на затворена седница. И доколку имате било какви прашања кои се однесуваат на на тие наоди, тогаш ќе можете да ги доставите до релевантни институции. Исто како што јас сум побарал, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот