Македонскиот клуб во Благоевград, уште неотворен, беше вандализиран на почетокот на октомври / Фото: НовАсном

Ковачевски нема да оди на отворањето на клубот во Благоевград: В недела ќе бидам во Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски в недела нема да оди на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, но информира дека веќе се подготвува документација за отворање македонски културен центар во Благоевград и најави дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада.

Одговарајќи на новинарски прашања за отворањето на клубот во Благоевград, денеска порача отворањето на вакви клубови да биде во насока на зближување, а не на раздор.

-Во недела јас ќе бидам во Скопје, меѓутоа во Министерството за култура и во Владата, бидејќи јас тоа го најавив, веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград и тоа барање ќе биде испратено до бугарската Влада. Знаете дека имаме македонски културен центар во Софија и како што кажавме, исто така ќе имаме отворање на македонски културен центар во Благоевград коешто барање ќе го испратиме – рече Ковачевски по промоцијата на нова инвестиција во ТИРЗ Скопје.

Тој повика на присуство на отворањето на центарот од сите кои имаат можност, но порача при вакви активности да се внимава за чувствата на граѓаните.

-Верувам дека отворањето културни центри помеѓу државите е начин на кој се зближуваат и како држави и како институции и како граѓани, и сметам дека сите оние кои имаат можност, особено тоа се однесува на граѓаните на Благоевград и на пограничните места, треба да присуствуваат на такви настани бидејќи мислам дека тоа ги зближува граѓаните, изјави Ковачевски.

Според него, при отворањето на културните центри треба да се внимава за чувствата на граѓаните и тие да не станат место на раздор како што се случи кај нас, туку за зближување на граѓаните, како во земјава, така и помеѓу граѓаните на соседните држави.

– Такви беа и нашите официјални реакции од МНР кои ги испратија во однос на одредени провокации што ги имаше од страна на една од нашите соседни држави каде што и јас лично бев напаѓан од луѓе кои јас лично не ги знам кои се. Но, кога ја видов и официјалната реакција на бугарските институции, сепак и тие имаа осуда во однос на наративот што сакаат да го креираат одредени лица, што воопшто не одговара ниту на европската иднина на нашата држава, ниту на европската позиција на нивната држава, ниту на европската иднина на регионот, додаде Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот