Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не ја коментирам одлуката на Врховен суд

Премиерот Димитар Ковачевски во студиото на „Слободен печат“ / Фото Драган Митрески / Слободен печат

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом.

– Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно на страната на ССМ. Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градба на логистичко-дистрибутивниот центар на ЛИДЛ во земјава.

За пресудата на Врховниот суд, Ковачевски упати одговорите да се бараат таму.

– Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов денеска соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

Добивме неофицијални информации за кои не сакаме да веруваме дека се такви. Врховен суд донел некаква пресуда со која се одзема Работничкиот дом, граден од средства на работниците во 1958 година. Врз основа на целокупната документација, со која располагаме ние, инвестирани се средства од 430 милиони тогашни динари, или повеќе од осум милиони долари во денешна вредност. Имот кој е граден врз основа на договор за градба, одобрение за градба, инвестициска програма, обезбедени финансиски средства од членарина, од пари на работници. Врховниот суд денеска, имајќи предвид дека е највисоката инстанца во државата, која со таквата одлука не може да биде оспорувана во домашното право и законодавство, само надвор, донел пресуда со која ги поништува сите постапки од 1992 година од тогашните влади – изјави Трендафилов на прес-конференција.

Тој рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, а од Советот на судии, кој броел пет члена, доколку донел ваква одлука, ќе биде повикан на одговорност.

ССМ бара одговорност од Врховен суд доколку е точно дека донел пресуда за одземање на Работничкиот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот