Ковачевски и Мицкоски се согласија: Балансерот се злоупотребува

Реткост, но сепак се случува. Лидерите на двете најголеми партии во Македонија се согласија околу злоупотребите на Балансерот.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го искоментира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот, но не беше конкретен дали ваквата идеја би ја поддржал. Тој смета дека треба да се изнајде решение за предизвиците, зашто оваа мерка за рамномерна застапеност се злоупотребувала при вработувањата во администрација. Ковачевски вели дека балансерот бил воведен токму од страна сега опозициската партија и е дел од Охридскиот договор.

„Ние мора да воведеме закони, принципи и механизми, бидејќи овој механизам, балансер, којшто е софтверско решение направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека почна да се злоупотребува. Било кого да прашате, тоа ќе ви го потврди. Мора да изнајдеме решение сите заедно, бидејќи тоа решение е направено врз основа на Рамковен договор“, рече Ковачевски.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кога ја промовираше програмата на партијата најави и укинување на Балансерот доколку неговата коалциија ја добие довербата од граѓаните на следните избори.

„Ако целта е постигната, тогаш зошто да создаваме фрустрација кај граѓаните во Македонија затоа што навистина не ја гледам потребата да од тоа ние оваа алатка искористувајќи ја создаваме фрустрација кај македонските граѓани. Сега или сме искрени и сакаме да создадеме општество во кое ќе се напредува по мерит системот односно според квалитетот на индивидуата или ќе создадеме општество кое ќе се води по етнократијата“, изјави Мицкоски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот