Костовски најавува кривична пријава за клевета против претседателот на Здружението на оштетени штедачи

Трифун Костовски, сопственик на поранешната Еуростандард банка најавува покренување кривична пријава за клевета против претседателот на Здружението на оштетени штедачи.

Во соопштение испратено до медиумите наведува дека ќе поведе кривична пријава против лицето Петар Трајков поради континуирана клевета именувајќи го како криминалец.

-Повеќе од јасно е дека ова Здружение на оштетени штедачи, кои велат дека  ги има 3000 оштетени семејства, се служат со манипулативни податоци. Согласно информациите кои ги поседуваме, 791 физичко лице имаат  побарувања од Еуростандард банка. Поради континуирана клевета од страна на претседателот на ова здружение именувајќи ме како криминалец, ќе покренам кривична пријава за клевета точно против лицето Петар Трајков. Господинот Петар Трајков на кому му ја доверивте палката да ве претставува, вас оштетените штедачи, за жал не е човек на кому му се доверува оваа многу значајна позиција, наведува Костовски во соопштение испратено до медиумите.

Тој им порачува  дека е време да согледаат кој  е вистински пријател во оваа борба, а кој е непријател и изразува жалење за нивните пари, чија судибина, како што наведува е  неизвесна, меѓутоа на начинот на кој комуницирате со институциите на државата, со јавноста и посебно со мене е недозволиво.

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка утрово преку соопштение наведоа дека правда нема и дека законот за некого важи, за некого не важи.

-Селективноста во правдата и невладеењето на правото не донесе во оваа тешка состојба во која живееме денес. На големо беснее организираниот криминал и високата корупција, секојдневно се разградува државата во сите правци, нема здраво ткиво коешто остана читаво. Веќе седум месеци објавуваме факти за сторениот масовен грабеж на депозити од Еуростандард банка. Кривични пријави се поднесени, но за истите се молчи и криминалците се толерираат, стои во соопштението, во кое покрај другото прашуваат кога ќе одговара Трифун Костовски за јавното признание за сторено кривично дело со противзаконската докапитализација на банката.

-Кога ќе одговара главниот криминалец и виновник Трифун Костовски и неговите пиони Коста Костовски и Николче Петкоски за масовниот повеќегодишен грабеж на депозити во банката. Како тоа одобриле и потпишале стотици ненаплатливи кредити на проблематични и несолвентни фирми со очигледна цел да парите не се вратат во банката. Како е возможно 73 отсто од портфолиото на кредити на правни лица или 55 милиони евра да не можат да се наплатат бидејќи парите се дадени на вересија. Како тоа гувернерката Бежоска да не го видела овој криминал во банката со години, а да тврди дека правеле редовни контроли и дека направиле се соодветно и навремено, а ние сега сме целосно покрадени, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот