Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Д-р Дарко Костадиновски - претседател на Уставен суд / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Д-р Дарко Костадиновски - претседател на Уставен суд / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“.

Костадиновски рече дека и за тој случај, како и за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, биле искажани многу лаги и манипулации.

„И повторно лаги и манипулации. Не им се обраќам на политичарите, сакам граѓаните да ги уверам во нашите одлуки во кои нема никакви етнички, политички, социјални било какви премиси. Нашата одлука за т.н. балансер претпоставувам не ја прочитаа, ако ја прочитаа ќе лоцираа некој таков елемент, но нема, таков нешто не постои. Нема ништо да се случи. Како е укинат балансерот? За такво нешто треба да се смени Уставот, а Уставниот суд не може да го смени, и правичната застапеност постои во Уставот, и ќе постои сè додека уставотворецот не одлучи поинаку. Ние само му помогнавме само на законодавецот, да има рамка како да се движи. Не укинавме никакво право, лага и невистина. Никој не го доведува во прашање албанскиот јазик, лага и манипулација е дека ќе биде укинат“, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд рече и дека уставните судии се изложени на закани и на политички притисок и оти „крајно време е политичарите да ги тргнат рацете од судството, оти инаку нема да биде добро“.

„Мислев да се пожалам до ЕУ за притисокот кој се врши врз Уставен суд подолг временски период. Уставните судии се изложени на закани па дури и политички притисок. Како вам ви звучи кога некој ќе каже дека Уставен суд сака дестабилзиација“, рече Костадиновски.

Тој не се согласува со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во средата ништо не се случило.

„Не е точно дека во средата ништо не се случи. Вчера Уставниот суд донесе одлука која значи продолжување на постапката. Значи ние ја продолжуваме постапката. Таа е почната и таа постапка ќе биде окончана. Подготвителните седници се многу важна алатка во работата на Уставниот суд, особено за предмети кои и како предмет се комплицирани и исклучително комплексни, и последиците од евентуалните одлуки можат да имаат имплокации“, вели Костадиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот