Костадиновска Стојчевска: Нашиот фокус е што повеќе публика на културните настани
Паралелно со поддршката за создавање културни содржини и творештво со врвен уметнички квалитет, Министерството за култура инсистираше сите институции и организации, кои добиваат поддршка од државата да развиваат планови и стратегии за привлекување на публиката, напиша на својот Фејсбук профил Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Само така, со одзивот од публиката квалитетот на културните перформанси се издига на следно, повисоко рамниште.Дека бевме и дека сме сѐ уште на вистинскиот пат потврдува исклучителната посетеност на културните настани и интересот на публиката за секоја нова книга, изложба, концерт, филмска проекција. Публиката се враќа во културните форуми.Со фокусот кон живата култура, кон прогресивната културна сцена, кон културните процеси и уметничките практики што ја вклучуваат публиката, ја поттикнуваме симбиозата меѓу уметниците, културните дејци и публиката“, напиша Стојчевска.
Таа поддршка, поддршката на публиката, е еднакво важна како и поддршката од Министерството за култура за културната продукција со духот на времето што се креира во таа синергија, додаде министерката.


