Коста Петров: Супер си е документот, нема ништо лошо во тоа да бараме примерно однесување

Нема ништо спорно во тоа да се побара примерно и професионално однесување од членовите на СДСМ. Вака потпретседателот на партијата, Коста Петров, за „Слободен печат“ го коментира внатрепартискиот документ во кој партијата ги упатува своите членови да се однесуваат пристојно во предизборната кампања со фокус на нивните настапи на социјалните мрежи.

Во документот потпишан од шефот на Централниот изборен штаб Љупчо Николовски, се вели дека тој бара крајна одговорност и дисциплина во однесувањето, кон граѓаните, во приватниот живот и во објавите на социјалните мрежи.

„Затоа приватни патувања, одмори, седење по кафеани, кафетерии и ресторани не треба да има. Фотографии од кафеани одмори ресторани и кафетерии воопшто да нема“, стои во дел од документот.

– Не гледам апсолутно ништо спорно во документот. Се работи за интерна комуникација и нешто што е стандард насекаде низ светот. За една компанија, или во овој случај политичка партија, да биде успешна, важно е дефинирање на визијата, почитување и интерно промовирање на истата. Ние веруваме во визијата на партијата, ја почитуваме и комуницираме со нашите функционери и членови. Разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ние бараме, очекуваме и промовираме примерно и професионално однесување на сите наши членови, наместо да бараме од нив да прават опструкции и да креираат деструктивни политики – изјави Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот