Косовскиот амбасадор удри по Ѓоковиќ: Стануваш примитивен, националист и шовинист

фото: tellerreport.com

Српските тенисери вчера остварија историска победа во рамките на АТП Купот откако во финалето ја совладаа Шпанија со 2:1 во гемови.

Ѓоковиќ, Троицки, Лајовиќ и останатите членови на репрезентацијата весело во соблекувалната ја славеа победата. Се славеше со шампањ и со пеење на неколку српски патриотски песни, меѓу кои и „Видовдан“.

Тоа ги воодушеви навивачите на српскиот тенисер, но затоа го навреди амбасадорот на поранешната српска покраина Косово во Бугарија, Едон Цана кој преку својот Твитер профил ги нападна тенисерите, а во прв ред Новак Ѓоковиќ.

„По воениот марш, тие продолжија со песна за Косово. Можеш да бидеш победник на АТП Купот, но длабоко во себе остануваш примитивен, назаден и обичен балкански националист и шовинист. Не е случајно што Новак Ѓоковиќ е најмалку саканиот тениски шампион во историјата“, напиша Цана на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот