Косовски државјанин сакал да украде обувки вредни 200 евра

Полиција/ фото МВР

ОЈО поднесе обвинителен акт против 35-годишен државјанин на Косово, кој е обвинет за тешка кражба.

На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети – обувки вредни 12.000 денари.

Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.

Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка. ​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот