Приведените полицајци изведени пред суд/Фото: Скриншот

Косово: Уапсени пет полицајци за прекумерна употреба на сила врз маж во Липљан кој почина

Пред судот во косовскиот град Липљан утрово беа изведени пет уапсени полицајци вклучени во случајот со 27-годишниот Агон Зејнулаху, кој вечерта на 7 јули се однесувал агресивно на улица во градот и бил пријавен од граѓаните. Притоа интервенирала полицијата, а во обид да го совладаат, полицајците употребиле солзавец, по што тој починал.

На местото на настанот биле пронајдени лични работи и прашкаста материја за која се сомневаат дека е дрога.

Косовскиот полициски инспекторат по инцидентот започна истрага за разјаснување на околностите во кои биле вклучени петмина полицајци.

Случајот предизвика негодување и повици за транспарентност и правда. Многу граѓани и организации на граѓанското општество изразија загриженост за употребата на сила и бараат целосна истрага за случајот за да се утврди дали полициските дејствија биле оправдани или ги надминале нивните законски овластувања.

Рочиштето за петте полицајци осомничени за „Убиство од небрежност“ почна утрово, а Основното обвинителство во Приштина соопшти дека побараната мерка за безбедност за петтемина полицајци е 30 дена притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот