Кошаркарите на КК Маџари титулата во Втората лига ја прославија со – пиротехничко шоу со „прскалки“?!
По трагедијата во Кочани со законски измени е забранета употреба на пиротехничко шоу во затворен простор
Прослава со пиротехничко шоу со „прскалки“ беше изведена на кошаркарскиот меч КК Маџари – КК Ангели во сала во Скопје, со која победникот Маџари го одбележа освојувањето на титулата.
Препорачано
Употребата на пиротехника може да се види на јутјуб-снимката од мечот пренесана од каналот МАКБАСКЕТ ТВ.
Пиротехничкото шоу е на снимката од мечот на јутјуб-каналот на МАКБАСКЕТ ТВ, некаде после 2:18 часа.
Големата трагедија од пред два месеца во дискотека во Кочани што ја потресе и се уште ја потресува Македонија беше предизвикана од пиротехничко шоу со „прскалки“.
Како реакција на тоа од страна на Собранието беа донесени итни измени во Законот за прекршоци против јавниот ред со кои се забранува употреба на пиротехника во затворен простор.

На споменатиот меч бил присутен и Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, според фејсбук страницата на општината.
Трофејот на победникот го доделил претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија Томица Главчев, според интернет страницата на федерацијата.


