ВИДЕО: Тандемот Дурант-Шенгун го сруши Портланд, Детроит реди победи
Тимот на Хјустон ја продолжи одличната форма во НБА-лигата, совладувајќи го Портланд со убедливи 140-116. Натпреварот го одбележа моќниот настап на Кевин Дурант и Алперен Шенгун, Дурант уфрли 30 поени, додека Шенгун, познат како „бејби Јокиќ“, за малку не стигна до трипл-дабл со 25 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Кај Портланд најдобар беше Дени Авдија со дабл-дабл од 22 поени и 10 скокови, но без поголемо влијание врз конечниот исход.
Препорачано
Во Салт Лејк Сити, Јута Џез и Чикаго одиграа трилер натпревар, кој по две продолженија заврши со победа на домашните 150-147. Џез се вратија од минус 15 во третата четвртина, а по израмнувања на крајот од регуларниот дел, победата им ја донесе Џорџ со тројка 0,8 секунди пред крајот. Лаури Марканен блескаше со 47 поени, додека за Чикаго најрасположен беше Коби Вајт со 27.
Детроит пистонс со триумфот над Филаделфија (114-105) стигнаа до деветта последователна победа. Иако настапија без повеќето стартери, тимот на Џон-Блер Бикерстаф демонстрираше зрелост и ширина во играта. Детроит сега е на биланс 11-2 и цврсто го држи врвот на Исток. Џавонте Грин постигна 21 поен, а Денис Џенкинс додаде 19 и погоди спектакуларен шут од центарот на крајот на третата четвртина. Кај Сиксерс повторно најдобар беше Тирис Мекси со 31 поен, додека Џоел Ембид повторно отсуствуваше поради повредата на коленото.
РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Феникс 124-122,
Јута – Чикаго 150-147 (2п),
Далас – Портланд 138-137 (п),
Хјустон – Орландо 117-113 (п),
Њу Орлеанс – Голден Стејт 106-124,
Вашингтон – Бруклин 106-129,
Сан Антонио – Сакраменто 123-110,
Бостон – ЛА Клиперс 121-118.
Преземено од: Спорт.ком.мк


