Коса за Гинис: Украинката со најдолга коса секојдневно добива брачни понуди (ФОТО)

Жената која ја нарекуваат „жива Златокоса“ има веројатно најдолга коса на светот и вели дека постојано добива понуди за брак од мажи од цел свет.

Косата на Алена Кравченко е долга 1,8 метри и таа ја „пушта“ веќе 30 години, а тврди дека вистинската убавина на жената е токму во должината на косата. Таа минатата година отворила своја инстаграм-страница, на која секојдневно објавува фотографии од својата бујна, раскошна коса, а засега ја следат повеќе од 13.000 луѓе.

Instagram

Оваа Украинка истакнува дека на Инстаграм постојано ѝ пристигнуваат предлози за брак, а многу мажи ја прашуваат и дали можат само да ѝ ја помирисаат косата.

„Мајка ми секогаш ми зборуваше дека плетенката ја краси жената, а нејзините зборови живеат во моето срце и во душата во текот на целиот живот. За мене вистинската убавина е во приватноста, поради што косата ми е толку долга. Таа е манифестација на мојот внатрешен свет, дел од мене и од мојата душа“, објаснува убавата 34-годишна Алена.

Таа објаснува дека ѝ е потребен отприлика еден час за да ја измие косата, а тоа го прави еднаш неделно. Иако ги скратува краевите еднаш во шест месеци, вели дека никогаш нема да се потстриже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот