Коронавирусот под микроскоп: Научници го забележале моментот кога заразата ја напаѓа клетката (ФОТО)

Експерти од „Освалдо Круз“ фондацијата го забележале моментот кога вирусот ја напаѓа здравата клетка за време на истражување каде користеле силен електронски микроскоп.

Научниците од Бразил ова „снимање“ го објавиле за време на истражување за начините на размножување и ширење на новиот вид на коронавирус. А микроскопот со кој го фатиле моментот на влегување на вирусот во клетката го зголемува објектот на набљудување за два милиони пати.

За истражувањето научниците од „Освалдо Круз“ фондацијата користеле клетки на зелен афрички мајмун, кој живее во Етиопија и Судан и кој често се користи во научните студии како замена за човечките клетки, навеле бразилските експерти.

Тие така го забележале моментот кога Ковид-19 се обидува да ја зарази цитоплазмата на клетката во која се наоѓа генетскиот материјал како и моментот на самата зараза. Црните дамки на сликата го осликуваат САРС-КОВ-2.

– Користени се вируси изолирани од примероци земени од нос и грло на заразен пациент, порача тимот од Бразил кои потоа заразените клетки ги донеле во лабораторија за набљудување под микроскоп.

Научните истражувачки институции низ цел свет го проучуваат Ковид-19 за да успеат да го запрат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот