Коронавирусот го стави целиот тим на Будуќност во карантин

Подготовките на ракометарките на Будуќност во Колашин се прекинати бидејќи една ракометарка е позитивна на коронавирус.

Иако од клубот не сакаа да го објават името на ракометарката, познато е дека таа ја одработила првата фаза од подготовките во Подгорица кон крајот на јуни и почетокот на овој месец, а во Колашин почувствувала симптоми на ковид-19 и поради тоа е тестирана.

Сите ракометарки и членови на стручниот штаб по враќањето во Подгорица ќе бидат во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот