Короната го помести „Златно славејче“ на денот на локалните избори

Златно славејче 2021/ Плакат

Фестивалот „Златно славејче“ годинава повторно ќе се одржи речиси еден месец порано од вообичаениот термин. Јубилејната 50 манифестација, наместо во периодот кога се слави ослободувањето на Скопје, ќе се одржи токму на денот на локалните избори, на 17 октомври, што веднаш предизвика реакции во јавноста дека политиката вмешала прсти во најстариот и најпопуларен фестивал на детската песна.

Организаторите на фестивалот пак тврдат дека поместувањето на терминот е од епидемиолошка причина. Всушност, поради пандемијата и минатогодишното издание на манифестацијата наместо во ноември, се одржа на крајот од септември.

-По препорака од медицинските лица прифативме фестивалот да се одржи еден месец порано, бидејќи е неизвисно и ризично да се чека. Можен е посилен есенски бран во ноември – објаснуваат од „Златно славејче“.

В недела, точно напладне во СРЦ „Борис Трајковски“ децата, па и нивните родители, ќе можат да уживаат во старите познати рефрени, но и во новите песнички на „Златно славејче 2021“. Билетите, како што велат организаторите се со ограничен број, што значи дека салата нема да биде полна поради почитување на мерките за заштита од коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот