Кореографката и професорка Искра Шукарова престојува на уметничка резиденција во Талин

Подготовки на претстава во „Солтумату танцу лава“ во Талин

Во периодот од 26 до 31 март, кореографката и професорка при Катедрата за балетска педагогија при ФМУ-УКИМ, Искра Шукарова, е поканета на уметничка резиденција во Талин, Естонија.

Во Талин, Шукарова ќе ја проследи премиерата на компанијата Кули Росна и Кенет Флак во соработка со Ракеш Сукеш, насловена „Шелтероуроборос“, која ќе се одржи на 28 март, а реприза ќе има на 29 март во театарот „Солтумату танцу лава“ (STL) во Талин.

Шукарова со истата компанија реализираше соработка во рамки на фестивалот МОТ во 2023 година. Таа ќе присуствува на пробите пред премиерата на компанијата и ќе реализира професионални средби со други компании, како и со танцовото здружение при театарот „Солтумату танцу лава“ во Талин.

Искра Шукарова има веќе реализирано соработки во сферата на современиот танц во Латвија и Летонија така што со резиденцијата во Естонија ќе се добие целосна слика за развојот на танцовата сцена во Балтичкиот регион. Уметничката резиденција на Шукарова е поддржана од страна на Министерство за култура на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот