Контраофанзива на Курдите во Сирија

Фото: Профимедиа

Курдските „Единици за заштита на народот“ ја преземаа контролата во Рас ал Аин, по започнатата контраофанзива откако турските трупи и нивните сојузници го заземаа овој град на границата меѓу Сирија и Турција на 12 октомври.

Според информациите од локалните медиуми, Курдите и вооружените единици на сириската опозиција кои ја поддржуваат Турција во нивната воена операција водат интензивни борби во близина на градот.

Курдските единици во моментов го напаѓаат градот Тел Халаф кој е под контрола на таканаречената Слободна сириска војска.

Извештаи за воени судири пристигаат и од пограничниот град Кобане, кој се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Вчера воените сили на Курдите го осуетија планот на турските сојузници за запирање на движењата на патот кој минува долж границата и ги поврзува Алепo и Ал Хасак во истоимената провинција.

Според наводите, нападот на турските сили и нивните сојузници е одбиен.

Единиците на сириската армија дојдоа до патот во близина на градот Тел Тамер, кој се наоѓа на 30 километри од границата и се разместија на северот на провинцијата Ал Хасака, во договор со Курдите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот