Континуиран раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, денеска и повисока бројка и на починати

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

 Во Албанија не стивнува трендот на постојан раст на нови случаи со Ковид-19 присутен овој месец.

Денеска е регистрана и поголема бројка на починати, споредено со претходните денови, меѓу кои и професор доктор Александар Хоџа, познат анестезиолог,со што бројката на починати здравствени работници како последица од вирусот е над 30.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран кај 887 лица од направените 3.891 тестови, што е 23 отсто од вкупно тестраните. Главно жариште на болеста и понатаму е Тирана каде што се 330 од новозаразените, по што доаѓаат Драч и Валона.

-Во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица сите во болнички услови, што е највисока бројка овој месец,со што вкупниот број почнати се зголеми на 1.350. За среќа постојано се зголемува бројот на оздравени. Денеска во овој список се впишани 523 или 45.906 од вкупно заразените 75.454, информираше Минстерството.

Според истиот извор активни на болеста се 28.198 од нив во ковид болниците се хоспитализирани 292 или над пет осто повеќе од вчера.

Во меѓувреме познати епидемиолози и инфектолози предупредија дека заразата ќе се шири и следните денови се очекува бројот на дневно ниво да надмине илјада заразени.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот