Конте поднесе оставка кај претседателот Матарела

Италијанскиот премиер Џузепе Конте утрово отиде кај шефот на државата да поднесе оставка, надевајќи се дека ќе добие шанса да се обиде да формира нова коалициска влада и да го врати парламентарното мнозинство, пренесуваат италијанските медиуми.

Конте минатата недела загуби апсолутно мнозинство во Горниот дом на Парламентот, Сенатот, откако пратениците од коалицијата Италија Вива, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, поднесоа оставка, незадоволни од владините решенија за коронакризата и економската рецесија.

Како што пренесуваат медиумите, напорите на Конте да ги доведе центристичките и независните сенатори во коалицијата за да се пополни празнината што ја остави Ренци беа неуспешни, така што на премиерот не му преостана ништо друго освен да си даде оставка и официјално да отвори владина криза што ќе му даде повеќе време да постигне договор.

Претседателот Серџо Матарела се очекува да ја прифати неговата оставка и да одржи итни консултации со лидерите на партиите за да го испита политичкото расположение.

Доколку смета дека Конте би можел да ја добие потребната поддршка за формирање нова влада, Матарела ќе му даде рок од неколку дена да се обиде да го финализира договорот и да формира нов кабинет.

Меѓутоа, ако не успее, Матарела ќе мора да излезе со алтернативен кандидат за кого смета дека е способен да направи коалиција што ќе функционира. Во случај сите опции да пропаднат, тие ќе мора да распишат вонредни избори, две години пред крајниот рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот