Конечно го стигна казната, Кирјос ќе лета од тенисот на четири месеци

EPA-EFE/DAVID CROSLING

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос е суспендиран на четири месеци и мора да плати парична казна од 25.000 долари поради лошо однесување на тениските турнири во последните 12 месеци, одлучи АТП по истрагата. АТП објави казната е условна, и доколку во наредните шест месеци, Кирјос „мирува“ тогаш нема да биде активирана.

Австралиецот во минатиот месец, по мастерсот во Синсинати беше казнет со 113.000 долари поради неверојатни осум испади, а оваа казна од АТП се однесува токму на тие испади. На наредниот турнир, УС Опен, Кирјос го обвини АТП дека е корумпиран, но куртули од казна.

„Суспензијата ќе биде укината по шест месеци кога ќе се увериме дека Кирјос почитува одредени мерки во тој период, како што се правилата за однесување, соработка со психолог за време на турнирите и користење на специјална професионална помош кога нема настапи на турнирите“, објави АТП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот