Конечниот план на „кралевите“ за преодниот рок!

EPA-EFE/Juan Herrero

Реал Мадрид ја продолжува успешно трката за шампионската титула во најсилното шпанско првенство после победата над Атлетик Билбао.

Газдата на „кралевите“, Флорентино Перез веќе размислува за следната сезона, тренерот Зинедин Зидан доби јасна порака дека ова лето ќе биде период на продавање на играчи, а никако на купување.

Поради пандемијата на Ковид-19, „дупката“ е 200 милиони и клубот тоа мора да го врати низ ослободување на играчи и нивните плати.

Најголем проблем е што Герет Бејл останува, односно не сака да си оди, има плати од 17 милиони нето, францускиот стратег не го сака во соблекувалната, но Велшанецот има договор.

Родригез може да го напушти Реал за 25 милиони евра

Дијаз, Маријано, како и неколку играчи од позајмица нема да бидат во клубот следната сезона, а веќе продаден е Хакими на Интер.

И Лукас Васкез си заминува, од Зизу се очекува да му даде шанса на некој од помладите фудбалери, но и натаму ќе се фокусира на „старата гарда“ како Лука Модриќ кој ќе го почитува договорот, што значи дека Одегард нема да биде вратен, како ни Кубо, а веројатно Регуљон повторно ќе биде на позајмица.

На Јовиќ ќе му биде дадена уште една шанса, а пари за засилувања „нема“. Поточно, Перез не сака да троши на Обамејанг, првично сакаше да ги обезбеди Хаверц и Камавинга, но одбија Леверкузен и Рен.

Сето ова се одложува за следното лето, нема никакви шанси сега да дојдат Погба, Мане, едноставно Реал сака да продолжи со тие кои ги има на располагање и дека тоа е добра одлука во оваа криза поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот