Пеналот повторно таличен за Реал Мадрид (ВИДЕО)

EPA-EFE/LUIS TEJIDO

Фудбалерите на „кралскиот“ клуб славеа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 0:1 во рамките на 34. коло од Ла Лига и направија голем исчекор во освојувањето на титулата.

Реал Мадрид трет натпревар по ред победува со идентичен резултат и на втор натпревар одлучувачкиот гол е постигнат од пенал. Голот вреден три бода и уште едно скалило поблиску до титулата за Реал, го постигна капитенот Серхио Рамос во 73. минута.

По победата, Реал Мадрид сега има 77 бода на четири кола до крајот, седум повеќе од Барселона која вечерва игра против Виљареал и евентуален кикс ќе значи и пораз во трката за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот