Концесијата за рудниците Иловица-Штука утре на владина седница, Бектеши ќе реферира за преземените правни постапки

Министерот за економија Крешник Бектеши се очекува утре на владина седница да реферира за сите правни постапки преземени за рудниците Иловица-Штука.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните, односно дека доколку се изјаснат против отворањето на рудници во овој регион, тоа ќе биде испочитувано.

-Утре имаме седница на Влада на која министерот за економија е задолжен да реферира за судски и други правни постапки што се преземени за Иловица почнувајќи од 2012 година до денес. Откако ќе ги слушнеме сите моменти, ќе се знае кој е следниот чекор. Како Влада рековме дека ако граѓаните кажат дека не сакаат да имаат рудник, ние ќе постапиме така. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните само во Босилово, подготвени сме да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат на референрдум дали сакаат или не сакаат да има рудник, рече Битиќи по посетата на компанијата „Сивус“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали доколку граѓаните се изјаснат против, Владата е подготвена да му плаќа пенали на инвеститорот, вицепремиерот рече дека не се знаат сите правни моменти затоа што се уште не се знае каков ќе биде точно исходот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот