Изменет возен ред на автобуските линии 19 и 20

ЈСП Скопје информира дека утре, сабота (17.08.2019 год), поради изведување градежни работи улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари од 22 часот до 5 часот во недела ќе биде затворена за сообраќај, а во посочениот период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот.

Автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), па по булевар „Босна и Херцеговина“, преку улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари.

По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки.

Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско поле, па по улица „Лазар Трповски“, булеварите „Босна и Херцеговина“, „Македонско косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ до Топанско поле-Треска.

Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот