Компир во крем сос – Шпански рецепт за малку поинаква компир салата – Слободен печат
ЕспресоХрана

Компир во крем сос – Шпански рецепт за малку поинаква компир салата

Шпански рецепт за сочна и вкусна компир салата во крем сос, подгответе ја и уживајте во нејзиниот вкус.

Вкусна салата која можете да ја јадете во секој дел од денот, а може да ви послужи и како оброк.

Потребни состојки (количините се за 3-4 порции):

½ кг мали компири
3 супени лажици маслиново масло
1 ¼ кафена лажичка сол
½ кафена лажичка бибер
2 чешниња лук, фино исецкан
4 супени лажици мајонез
1 супена лажица лимонов сок
1 кафена лажичка сенф

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 C°. Пресечете ги компирчињата на половини или на четвртини и ставете ги во еден сад. Врз нив сипете 2 супени лажици маслиново масло, ¾ од кафена лажица сол и бибер. Промешајте ги убаво компирите и ставете ги на тава, на која претходно сте ставиле еден слој хартија за печење. Печете ги компирите околу 40 минути, превртувајќи ги двапати додека се печат. Треба да добијат убава, златна боја. Извадете ја тавата од рерна и оставете го компирот да се олади. Во сад помешајте ½ кафена лажица сол, 1 супена лажица маслиново масло, исечканиот лук, мајонезот, лимоновиот сок и сенфот. Убаво промешајте ги состојките и посипете ги врз златниот компир.

Добар апетит!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close