„Комити“: Не ја признаваме одлуката на МВР, добредојдени се „Чкембари“ на дербито во Маџари

фото: facebook.com/KomitiZapad87

Денеска од 17.00 часот ќе се игра дербито во Втората македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и битолски Пелистер на стадионот во „Маџари“.

Моментно на табелата Вардар е третопласинра со 62 бодови, шест повеќе од четвртопласираниот Пелистер.

Навивачката група „Комити“ излезе со соопштение за јавноста дека не ја признава одлуката на МВР со цел да се забрана за гостински навивачи.

Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме!

Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме! НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ – стои во објавата на „Комити“.

„Комити“: Отпочнуваме постапка за стекнување на 25% од акциите на ФК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот