Комити го запалија Скопје, со факели од Ѓорче до Лисиче прославија 35 години од формирањето

Фото: facebook/komitiskopje

Навивачката група Комити со спектакуларно пиротехничко шоу, со околу 1.000 факели кои гореа од мостот во населбата Хром па се до Ново Лисиче прославија 35 години од формирањето, како и 75 години од постоењето на ФК Вардар и освојувањето на првата ракометна европска титула.

Навивачката група е формирана на 4 јуни 1987 година и оттогаш е неизоставен дел на сите натпревари на Вардар во сите спортови.

– Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјада факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска АВАНГАРДА – КОМИТИ ЗАПАД❗️Забавата продолжува пред Јане Сандански…“ – објавија „Комити“.

Главната прослава се одржа пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде Комитите повторно приредија пиротехничко шоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот