Комити: ФК Вардар е исфлен од својот дом на улица

Верните навивачи на Вардар, Комитите денеска повторно се огласија во јавноста со соопштение бидејќи фудбалерите на „црвено-црните“ немаат дозвола да тренираат во тренинг центарот на екипата.
Тренинг центарот е во сопственост на Сергеј Самсоненко кој откако си замина од претседателската функција на клубот, не го исполни ветеното, и не ги подмири во целост долговите кон фудбалерите кои пак сега немаат дозвола да тренираат во тренинг центарот.
Поради тоа Комитите денеска повторно се огласија со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар, не им дозволува на Фудбалерите на Фудбалскиот Клуб Вардар, да тренираат на Тренинг Кампот на Фудбалскиот Клуб Вардар!
Ова не е наслов на филм со жанр – пародија ниту пак е рана првоаприлска шега, ова е за жал реалноста со која се соочуваме сите ние кои се идентификуваме со Фудбалскиот Клуб Вардар.
Фудбалскиот Клуб Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица, исфрлен е од своите родители кои се откажале од него преку весник. Исфрлено е на суров начин, и родителите не сакаат да чујат за него, дали има каде да преспие, дали е добро, дали е гладно, жедно, дали е добро, дали ќе фати некоја болест…
А што е вината на тоа дете кое е толку слатко, што едноставно ги радува срцата на сите други освен оние на своите родители?
Другиот родител е Градот Скопје, кој смета дека не треба да се грижи за своето чедо поради тоа што другиот родител, а не самиот тој го исфрлил своето дете надвор, па поради тоа и нема обврска да го згрижи своето мало детенце, кое плаче затоа што е неухрането, жедно и ненаспано.
Ќе има ли некој доволно доблест и храброст да им го одземе на негрижливите и неодговорни родители ова мило детенце?
Постои ли некоја институција која ќе знае да отвори очи да го констатира сево ова, па да се охрабри да им го одземе правото на родителство на двете страни, за да назначи нов старател?
Ова дете мора да биде растено со љубов !“, стои во соопштението на Комити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот