Комисијата за употреба на имиња даде негативно мислење за ,,Иван Михајлов“

Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола
Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола (Фото: Фејсбук)

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов, поднесено од здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ од Битола.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата. Потоа Централен регистар ќе го избрише бврз основа на одлуката.

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ  имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичката идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Министерствиото за правда информираше дека Комисијата денеска заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф. др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски, кустос, историчар во Министерството за култура.

Денеска е последниот ден од законскиот рок во кој Комисијата за имиња требаше да ги разгледа називите на здруженијата и фондациите и да донесе негативно мислење за оние кои во називите имаат личности поврзани со фашизам, нацизам. Третиот рајх итн.  Освен називот „Иван Михајлов“, спорен е и називот на охридското здружение „Цар Борис Трети“ и се очекува до крајот на денот и за ова име Комисиајта да доне се негативно мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот