Комесарката Мијатовиќ: Асанж не треба да им биде испорачан на САД, негативно ќе влијае на слободата на печатот

Фото: Миа.мк

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не треба да им биде испорачан на САД  бидејќи тоа ќе има негативен ефект врз слободата на печатот, изјави денеска комесарката  за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

Таа наведе дека случајот на Асанж го отвори прашањето за заштитата на луѓето кои објавуваат тајни податоци во јавен интерес, пренесоа британските медиуми.

-Загрижувачки се широката и нејасна природа на наводите против Асанж и кривичните дела наведени во обвинението, бидејќи многу од нив се однесуваат на активности што се во сржта на истражувачкото новинарство во Европа и пошироко, рече Мијатовиќ.

„Затоа, дозволувањето на екстрадиција на Асанж врз овие основи ќе има негативен ефект врз слободата на медиумите и може на крајот да го попречи печатот во извршивањето на својата основна задача да информира и да биде јавен контролор во демократските општества, истакна Мијатовиќ

Таа изјави дека е загрижена и за условите во притворот во САД и околу веројатната казна која Асанж може да ја добие.

Асанж (48) се наоѓа во затвор во Лонодн, каде следната недела ќе почне сослушувањето за негово екстрадирање во САД. Американските власти сакаат да му се суди по 18 точки од обвинението, вклучувајќи и подготвување завера со хакирање на владините компјутери и прекршување на законот за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот